среда, 5 март 2025

Мицкоски: 2025 година ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа

2024 година беше година на предизвици, но и на нови почетоци, а претстојната 2025 година ќе биде година на раст, ред и интеграција, вложување во економијата, инфраструктурата и образованието со фокус на подобар живот за сите, вели меѓу другото премиерот Христијан Мицкоски во своето новогодишно видео обраќање објавено утрово на неговиот фејсбук профил.

Објавено на

часот

Сподели

„Почитувани граѓани на Македонија, драги мои сограѓани, драги пријатели, измина уште една година зад нас. 2024 година беше година на предизвици, но и на нови почетоци. Народот ја одбра иднината и ни даде мандат за промени. Наследивме држава во тешка состојба, но со труд и јасен план постигнавме раст од 3 проценти, зголемување на пензии и плати, нови инвестиции и проекти за подобрување на животот. Отворивме фронт против криминалот и корупцијата и ја поставивме основата за стабилен развој“, вели меѓу другото Мицкоски.

Премиерот истакнува дека во 2025 година Владата ќе работи посветено и одгвоорно за поквалитетен живот на сите граѓани.

„2025 година ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа. Ќе работиме напорно и посветено, за да успееме да ја изградиме Македонија каква што сите вие, граѓаните, ја посакувате и каква што сите ние заедно ја залужуваме. Македонија која ќе биде повторно ваша. Среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, среќа и многу љубов. Бог да ја благослови Македонија и нејзините граѓани“, истакнува Мицкоски во новогодишното обраќање објавено на фејсбук.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ