четврток, 19 септември 2024

Мицкоски: 18 милиони евра за реконструкција на студентските домови

Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови во државата, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски на означување на почеток на доградба на основното училишта „Блаже Конески“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај двата студентски дома во Скопје ќе се реконстрираат и останатите домови низ државата.

„Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, не само во Скопје, туку и во другите градови каде што имаме универзитетски кампуси, центри. Веќе е почната реконструкцијата на двата студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“. Но, исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата, така што и тоа е едно од оние ветувања коишто ги ветивме за студентите и младите“, изјави премиерот.

Во државата има повеќе студентски домoви во неколку града, Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ