сабота, 27 јули 2024

Mиас фејворит: Имаме пречистителна станица, отпадните води доаѓаат од викендиците

Кон крајот на 2020 години подготвивме Елаборат за заштита на животната средина прифатен од Министерството за животна средина. Наследивме нефункционална пречистителна станица, која ја реновиравме и истата е во функција. Загадената вода и смрдеата доаѓа од десетина викенд куќи над хотелот, кои немаат септички јами и нивната отпадна вода оди директно во долот и ја предизвикува смрдеата и загадувањето за кое пишувате, се вели во демантот на управата на хотелот Миас фејворит на вчерашниот текст објавен на МКД.мк.

Објавено на

часот

Сподели

„Во 2018 година најстариот комерцијален објект во Маврово, познат како одморалиште на Цементара, а потоа хотел Срна, премина во наша сопственост. Хотелот почна со работа во февруари 2020, после две години целосно реновирање. Имаме 30 соби, бар и ресторан. Капацитетот на хотелот е 74 гости, а ресторанот има капацитет од 150 гости. Вработени се 20 лица. Функционираме веќе 4 години, имаме постојан раст и задоволни клиенти. Ние сме единствен хотел pet-friendly.

Заедно со Националниот парк Маврово како редовна активност организираме садење дрвца, чистење покрај езерото…

За време на реновирањето на хотелот комплетно е сменета и водоводната мрежа и канализација. Но, редовно имаме проблеми со снабдувањето со вода. Иако ЈКП Маврово според договорот треба да нè снабдува со чиста вода, проблемот со физички контаминираната вода останува дури и по монтирањето на два филтра. Често доаѓа до затнување на водата во казанчињата, се блокира пловакот и доаѓа до прекин на снабдувањето со вода.

Кон крајот на 2020, самоиницијативно подготвивме Елаборат за заштита на животната средина. Наследивме нефункционална пречистителна станица, ја реновиравме и истата сега е во функција. Меѓу првите потпишавме договори со Пако мак, кои за нашите потреби обезбедија дополнителни контејнери за рециклирање на стакло. Исто така и изгореното масло се складира и овластена компанија редовно го собира. Елаборататот за заштита на животната средина е поминат во Министерството за животна средина и просторно планирање. Водата и физички и хемиски се анализира од акредитирана лабараторија. Над хотелот има десетина викенд куќички кои немаат септички јами, па нивните отпадни води преку долот покрај хотелот, одат директно в езеро“, се вели во демантот на Миас фејворит.

По вчерашното пишување на МКД.мк денеска од Државниот инспекторат за животна средина информирани сме дека ќе биде извршен детален надзор на сите угостителски објекти околу Мавровското Езеро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ