недела, 16 март 2025
Страшни изјави по трагедијата во Кочани

„Ми загина синот единец, што ќе ми е живот“, во солзи вели татко на момче загинато во пожарот (ВИДЕО)

Меѓу многуте ожалостените родители во Кочани е и татко кој го загуби синот единец и кој во солзи зборуваше за она што се случило синоќа. Вели дека неговиот син единец имал само 21 година и допрва требало да живее, а не вака да го изгуби и да нема за што да живее. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 луѓе, а 155 се повредени.

За излез од дискотеката имало само една врата, а на прозорците имало ставено решетки.

Објавено на

часот

Сподели

„Имав едно дете, и тоа ми умре… 150 души во една дискотека, 500 души во една дискотека… 21 година мојот син имаше, само што почна да живее. За што ќе ми е живот, не ми треба живот повеќе… Едно дете имав, не ми треба живот луѓе“, изјави таткото на починато момче во трагедијата во Кочани.

Досега се осомничени 20 лица, од кои 15 се во полициска станица. Меѓу приведените. Дел од осомничените се починати, а дел во болница. Дел од приведените лица во полициската станица имаат директна вина.

Едно лице е организатор на настанот и има директна вина за пожарот. Меѓу приведените е и поранешен државен секретар на Министерството за економија, поранешен ракводител на сектор во тоа министерство, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во ДЗС.

Дел од приведените во Кочани се организатори и дел од обезбедувањето на концертот во дискотеката, изјави попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ