сабота, 19 октомври 2024

Мхитарјан ја менува Рома со Интер за 500.000 евра повеќе

Објавено на

часот

Сподели

Хенрих Мхитарјан од Рома треба да биде едно од првите засилувања за Симоне Инзаги за сезоната 2022/23.

Голем број на извори од Италија пренесуваат дека Ерменецот ја прифатил понудата на Интер за двегодишна соработка и плата од 3,5 милиони евра по сезона.

Последниот предлог на Рома беше едногодишен договор и плата од 3 милиони евра, и не се исклучува можноста „волчицата“ и Жозе Мурињо во 5 до 12 да презентираат нов предлог за популарниот Мики да остане во Рим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ