„Податоците коишто се објавуваат преку порталот „Отворени финансии“ како алатка за транспареност и понатаму ќе бидат достапни за јавноста. Јавноста ќе може да пребарува информации за реализација на буџетот, одделно по институции и извршени трансакции“, стои во соопштението од МФ.
Порталот, се вели во соопштението, е промовиран со цел зголемување на транспарентноста на трошењето на буџетските средства, како и дека податоците се ажурираат редовно согласно утврдената динамика на објавување на одделните категории податоци.