сабота, 27 јули 2024

Метеж на Табановце – тргнете порано за Ниш

Објавено на

часот

Сподели


Ракометната федерација на Македонија (РФМ) апелира до сите македонски навивачи што планираат утре да заминат за Србија за да ја бодрат македонската репрезентација на воведниот меч од европското првенство против Шведска да заминат за Ниш што е можно порано за да го избегнат метеот и да стигнат на време.

Според РФМ, метеж на граничниот премин е регистриран и денеска, на првиот ден од стапувањето во сила на договорот за патување само со лична карта, а утре се очекува уште поголем број автомобили и автобуси да отпатуваат за Србија.

Најголема фреквенција се очекува во текот на утрешниот ден од 10 до 15 часот, за кога се најавени дваесетина автобуси и комбиња, како и поголем број патнички возила, се вели во информацијата од МВР.

Навивачите што ќе патуваат организирано од српска страна ќе бидат пречекувани и проследувани од српската полиција, додека од македонска страна на граничниот премин „Табановце“ ќе биде распореден и еден вод на Единицата за брзи интервенции, доколку се јави потреба или има некакво нарушување на јавниот ред и мир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ