сабота, 27 јули 2024

Метеорскиот дожд Персеиди го заплисна небото (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Метеорскиот дожд е дел од кометата Свифт-Татл, која орбитира околу Сонцето на секои 133 години.

Феноменот носи до 100 метеори на час, кога Земјата ќе се вкрсти со остатоците од таа комета.

Ударот предизвикува светли блесоци, познати како ѕвезди што паѓаат, кои може да се видат со голо око.

д

Овој метеорски дожд се случува во слично време во јули и август секоја година.

Метеорите, кои може да бидат мали како зрно песок или големи како зрно грашок, удираат во атмосферата на Земјата со брзина од 215.000 километри на час.

д

Треперливите остатоци не се опасни за луѓето.

Персеидите се сметаат за еден од најдобрите и најактивните астрономски настани, бидејќи произведуваат голем број блескави метеори.

д

Мрежата Ал скај фајрбол нетворк на НАСА, која ги набљудува метеорите со камери, го забележа првиот метеор Персеида на 26 јули.

Дождот го добил името по соѕвездието Персеј (лик од грчката митологија), од чија насока доаѓаат метеорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ