сабота, 27 јули 2024

„Мета“ лансираше нова апликација која треба да биде главен конкурент на Твитер

Објавено на

часот

Сподели

„Добредојдовте во Тредс“, напиша Закерберг во својата прва објава на апликацијата, заедно со емотикон од оган.

Закерберг објави дека апликацијата забележала пет милиони пријави во првите четири часа од лансирањето, пренесе АП.

Апликацијата содржи кратки текстуални објави на кои корисниците можат да лајкуваат, повторно да ги објавуваат и да одговараат.

Објавите може да содржат до 500 карактери и да вклучуваат фотографии и видеа до пет минути.

Новата апликација е достапна на Епл ап стор, а ќе биде поврзана и со Инстаграм.

Аналитичарите велат дека главната предност на новата апликација би можела да биде поврзаноста со Инстаграм и неговата база корисници, како и механизмот за рекламирање.

Акциите на „Мета“ пораснаа за три отсто во средата пред лансирањето на Тредс.

Фејсбуковиот Тредс сè уште не е лансиран во Европа поради регулаторни проблеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ