Албанската гранична полиција ги приведе Ф.З.(55) и П.Х.(51) , двајцата жители на Маќелари, блиско село до преминот Блато, кои со добитокот ја минувале границата преку т.н. зелен појас.
Приведените немале документација за добитокот кој е прошверцуван, информира албанската полиција и наведе дека ќе одговараат за делото пред обвинителството и судот на Пешкопеја.
Според албанските медиуми, во истрагата надлежните албански органи ќе соработуваат со македонските колеги со цел откривање на организираната нелегална трговија со добиток.