сабота, 27 јули 2024

Месиќ: Има уште луѓе како Милошевиќ, кои сакаат Голема Србија, но тоа не може

Стипе Месиќ за време на престојот во Приштина изјави дека Голема Србија не може да се направи и дека и понатаму има луѓе, како Слободан Милошевиќ, кои целат на српска експанзија. Поранешниот хрватски претседател присуствувал на собир за 25-годишнината од војната за независност на Косово.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Многу ви благодарам што сум тука на 25-годишнината од независноста на Косово. Кога тогаш отидов во Белград, бев претседател на Претседателството на Југославија. Се осмелувам да кажам дека бев последниот претседател на Југославија. Милошевиќ не можеше да се сложи со тоа што го предлагавме – да се создаде конфедерација.

Не го прифати нашиот совет и тргна во друга насока. Мојата иницијатива беше секоја земја да тргне по свој пат. Милошевиќ и неговите луѓе не можеа да го прифатат овој модел, кој беше без војна, без жртви и во интерес на целиот народ. Сите видовме како тоа заврши и со колку жртви.

За жал, сè уште има такви, како Милошевиќ, кои имаат цел да ја направат Србија голема, но ви велам дека тоа не може. За сите оние кои мислат дека Србија може да стане голема држава, им велам дека Србија е мала држава на Балканот“, кажа Месиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ