сабота, 19 октомври 2024
Откриени детали од соработката на Аргентинецот со Саудиска Арабија

Меси за пет дена одмор со семејството во Саудиска Арабија добива 2 милиони долари

Објавено на

часот

Сподели

Лео Меси како и многу други фудбалери, доби понуда летово да се пресели во првенството на Саудиска Арабија. Се говореше за неверојатен предлог тежок помеѓу 400 и 500 милиони евра годишно, но Аргентинецот реши кариерата да ја продолжи во САД и да потпише со Интер Мајами.

Лео Меси сепак останува како едно од заштитните лица на Саудиска Арабија и Њујорк Тајсм открива дел од соработката за промовирање на земјата како туристичка дестинација.

Тригодишната соработка е вредна околу 25 милиони долари, Лео Меси добива пари за серија активности.

За семеен одмор од 5 дена во Саудиска Арабија, или два одмори од по три дена во годината, тој добива 2 милиони долари. Покриени се и патните трошоци како и сместување во ресорт од пет ѕвезди за Лео Меси и 20 роднини или пријатели.

Лео Меси добива 2 милиони долари за 10 пати да објави постови на своите социјални мрежи за убавините на Саудиска Арабија.

2 милиони долари добива и за учество во медиумските кампањи на Саудиска Арабија со кои се промовира туризмот.

Околу 2 милиони долари добива и за инволвираност во хуманитарна работа и појавување во јавност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ