сабота, 27 јули 2024

Меси вечерва станува фудбалска легенда

Објавено на

часот

Сподели

Со само 24 години и зад себе со освоени сите можни трофеи и поединечни награди, Меси ќе го достигне Мишел Платини, француската легенда, единствена што трипати во низа ја освојувал престижната награда на „Франс Фудбал“ во периодот 1983-1985 година. ФИФА и „Франс Фудбал“ од лани заеднички ја организираат наградата играч на годината, а до 2010 година, ФИФА имаше своја награда која ја инагуираше во 1991, додека „златната топка“ се доделува од 1956 година.

Меси ја одбележа 2011 година, со 53 гола, со пет од можните шест трофеи за Барселона. Ниту еден фудбалер не успеал да се истакне и тимски и поединечно, низ призмата на пехарите, како Меси, и тоа што е уште позначајно, на само 24 години. Зад него стојат три пехари во ЛШ, пет шампионски титули, еден куп, пет шпански суперкупови, два ев ропски суперкупови и две клупски светски првенства. Плус, олимписко и младинско злато со Аргентина.

Поединечно бил најдобар светски младинец, најдобар стрелец (златна копачка) и доминантно прогласуван за најдобар играч во последните три години во сите можни категории. Сето ова, на својата возраст, шпанските медиуми пресметаа, дека има освоено повеќе од најголемите светски ѕвезди во своето време заедно – Ди Стефано, Пеле (не играл во Европа), Марадона, Платини…

За холандската легенда, Јохан Кројф, крајниот дострел на Меси веројатно се уште пет „златни топки“, и веќе сигурно е дека идната светска круна со Аргентина, ќе го направат малиот волшебник – најдобар фудбалер во историјата на овој спорт!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ