Лео Меси утрово дебитираше во дресот на Интер Мајами и се погрижи цел свет да говори за неговиот прв настап во САД, Аргентинецот во 94. минута прекрасно погоди од слободен удар и донесе победа од 2-1 за својот нов тим.
По крајот на натпреварот, напаѓачот покажа големо срце и славјето му го посвети на соиграчот Иан Фреј, за кого може да се каже дека е најмалерозниот во составот на Интер Мајами.
20 годишното момче веќе два пати ги има скинато лигаментите на коленото, а големи се шансите против Круз Азул и по трет пат да ги скина, во 26. минута, дефанзивецот падна без контакт со противнички фудбалер и со солзи во очите го напушти теренот.
„Голот и победата му ја посветувам на Иан Фреј, кој се мачеше во соблекувалната по повредата. Се врати од две тешки повреди но денеска повторно немаше среќа и одново се повреди“ – рече Лео Меси.