сабота, 27 јули 2024
ГЕНИЈАЛНОСТ ИЛИ НЕСПОРТСКО ОДНЕСУВАЊЕ?

Меси со еден потег ја подели јавноста: Си поигра со противник кој се жалеше на повреда (ВИДЕО)

Лео Меси на натпреврот помеѓу Интер Мајами и Солт Лејк имаше потег кој ја подели јавноста, Аргентинецот дрибна и противник кој лежеше повреден, некој сметаат дека Аргентинецот на покажал фер-плеј, други пак велат дека реакцијата е генијална.

Објавено на

часот

Сподели

Новата сезона во МЛС почна утрово со натпреварот помеѓу Интер Мајами и Солт Лејк, домаќините славеа со 2-0.

Лео Меси учествуваше во двата гола, но Аргентинецот го привлече вниманието со еден потег кој ја подели јавноста.

Напаѓачот се заигра, па дрибна и противник кој лежеше повреден на тревата, едноставно ја префрли топката преку него и се намести на удар.

Многумина сметаат дека Лео Меси не покажал фер-плеј, додека пак други велат дека реакцијата е генијална, и Аргентинецот уште еднаш покажал врни вештини на снаодливост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ