Изминатиов период често има гласини за враќање на Лео Меси во Барселона, се шпекулираше дека Аргентинецот може повторно да го облече дресот на „каталонците“ за да се одржи во форма пред почетокот на новата сезона во МЛС.
Сепак, напаѓачот ги разочара фановите на Барса и во разговор со Л’Екип, на прашањето дали е можна позајмица на Камп Ноу, тој порача: „Нема шанси“.
„Откако се решив за нова авантура и преселба во САД, мислам дека повеќе нема да играм во Европа“.
Тој исто така откри дека летоска една од опциите било враќање во Барса, но поради финансиските проблеми на клубот, тоа било невозможно.
„Мојата прва идеа беше да се вратам дома, повторно да играм во Барселона и да се пензионирам таму, како што планирав во прв момент. Но тоа беше невозможно“.