Изминатиов период често имаше гласини за враќање на Лео Меси во Барселона, напаѓачот ќе биде без обврски неколку месеци откако Интер Мајами не обезбеди настап во плеј-офот на МЛС, па се шпекулираше со позајмица на Камп Ноу.
По синоќешната победа на Аргентина на гостувањето во Перу, новинарите го прашаа Лео Меси дали има вистина во ваквите написи.
„Нема да одам на позајмица. Ќе го одиграм последниот натпревар (против Шарлот) и ќе се обидам да се вратам (во репрезентацијата) во најдобра форма за натпреварите во ноември“ – вели Аргентинецот.
„Потоа, ќе уживам во празниците во Аргентина. Ова ќе биде прв пат како ќе имам повеќе слободни денови во декември, да уживам во празниците со семејството и пријателите без да мислам на други работи“.
„Во јануари, ќе се вратам во Интер Мајами и ќе почнам со подготовките за новата сезона. Ќе почнам од нула, и ќе се обидам да влезам во топ форма“.