сабота, 27 јули 2024
Извесно е дека двете страни ќе се разделат на лето

Меси му поставил услов на ПСЖ за продолжување на договорот, но клубот нема намера да му го исполни

Објавено на

часот

Сподели

Како што сега стојат работите, се чини дека Меси е поблиску до враќање во Барселона отколку до продолжување на договорот со ПСЖ.

Француските медиуми пишуваат дека Меси побарал зголемување на платата која му изнесува 40 милиони евра годишно. ПСЖ одбил такво нешто, и цврсто решил дека нема да му го прифати тој услов.

Аргентинецот сакал да знае и кој ќе биде тренер на ПСЖ следната сезона, бидејќи извесно е дека Кристоф Галтие ќе добие отказ.

Меси оваа сезона даде 15 голови, имаше и толку асистенции на 27 одиграни натпревари во пренството. Со просечна оценка од 8,20, според СофаСкор е најдобар играч во Лига 1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ