сабота, 19 октомври 2024
Нема да им се допадне на навивачите на ПСЖ

Меси му дал совет на Мбапе пред да замине од Париз

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе неодамна испрати писмо до ПСЖ и ги извести „светците“ дека нема да ја искористи опцијата за продолжување на соработката до јуни 2025, потег со кој крена многу шпекулации за неговата иднина.

И покрај тоа што напаѓачот во неколку наврати порача дека не бара трансфер, често се пишува за негово напуштање од „Паркот на принцовите“.

Медиумите од Шпанија сега откриваат кратка конверација помеѓу Лео Меси и Килијан Мбапе која се случила непосредно пред заминувањето на Аргентинецот од Париз.

„Ако се прашувам јас, направи трансфер во Барселона. Но доколку ти сакаш да одиш во Мадрид, стори го тоа. Заслужуваш прав проект, победнички проект“ – му порачал Меси на Мбапе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ