сабота, 27 јули 2024

Меси и Интер Мајами се елиминирани од КОНКАКАФ купот (ВИДЕО)

Интер Мајами играше со своите најголеми ѕвезди, но тоа не беше доволно за да го поминат мексиканскиот тим, Монтереј во КОНКАКАФ шампионскиот куп.

Објавено на

часот

Сподели

Интер Мајами минатата недела на свој терен загуби од Монтереј со 2-1, тогаш не играше Меси, а ноќеска и покрај неговиот настап не можеа да го свртат резултатот, загубија со 3-1 и со вкупни 5-2 се елиминирани од натпреварувањето.

За Интер Мајами настапија Меси, Суарез, Алба и Бускетс, но тимот не беше доволно добар за победа.

Единствениот гол за Интер Мајами го даде Гомез во самиот финиш на натпреварот, Меси запиша асистенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ