петок, 18 октомври 2024

Меси е најдобар, ама не е најпопуларен

Објавено на

часот

Сподели

Едуардо Варгас

Светската федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) спроведе интересно истражување за најпопуларни фудбалери на секој континент за 2011 година, и интересно, двата најзвучни играчи, Меси (Јужна Америка) и Кристијано Роналдо (Европа), не се најпопуларни играчи.

Така, во Јужна Америка, најпопуларен фудбалер е Едуардо Хесус Варгас, новиот соиграч на македонскиот репрезентативец Горан Пандев во Наполи. Варгас дојде во Неапол од Универзидад Де Чиле, а собра неверојатни 58.129 гласа, додека за најдобриот светски играч, Аргентинецот Меси гласале 3.760 гласа. Интересно е и дека Бразилецот Нејмар, кој е прогласен за најдобар на континентот, не се најде ниту меѓу првите петмина во изборот.

Римската икона Франческо Тоти (Рома) го победи Роналдо во тесниот избор на европскиот континент. Пред Роналдо се најде и иконата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро. Тоти собра 4.587 гласа, Дел Пјеро 4.433, а Роналдо 4.094.
На африканскиот континент најпопуларен фудбалер е Надир Ламијагри од Видад Казабланка, во Азија тоа е Јасер Ал Катами од Саудиска Арабија, во Океанија, Хари Реднап, а во Северна и Средна Америка или популарната КОНКАКАФ-зона, Мексиканецот Хавиер Ернандез – Чичарито од Манчестер јунајтед.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ