петок, 27 декември 2024

Месечината е 40 милиони години постара од тоа што претходно сметавме

Примерок од камен собран од површината на Mесечината во 1972 година, за време на мисијата Аполо 17, покажа дека Месечината е најмалку 40 милиони години постара од тоа што претходно беше сметано, пишува Си-ен-ен. Претходно се сметало дека месечината е стара 4,425 милијарди години, а циркон кристалите пронајдени во овој примерок се стари најмалку 4,460 милијарди години.

Објавено на

часот

Сподели

Ова сознание ја надградува досегашната теорија за настанокот на месечината. Пред 4 милијарди години вселенски објект, голем колку Марс, се судрил со Земјата. Судирот предизвикал голем дел од Земјата да се отцепи. Од овој дел кој се отцепил, настанува Месечината. Дополнително, како последица на енергијата од судирот, површината на Месечината се топела. Во такви жешки услови, не било можно да се формираат циркон кристали какви што биле испитани во ова истражување. Тоа значи дека овие кристали сигурно се формирале по претходно опишаниот судир, односно откако веќе се оладила површината на Месечината.

„Месечината е важен партнер во нашиот планетарен систем. Таа ја стабилизира ротационата оска на Земјата, таа е причината поради која има 24 часа во денот, таа е причината поради која имаме плима и осека. Без Месечината, животот на Земјата би изгледал сосема поинаку. Таа е дел од природниот свет што сакаме подобро да го разбереме со помош на науката, а нашата студија претставува едно мало парче од сложувалката на нашето разбирање на светот“, вели Филип Хек, еден од главните истражувачи во оваа студија.

Хек и неговите колеги ја утврдија староста на кристалите со радиометриско датирање. Одредени нестабилни атоми помниуваат низ процесот на радиоактивно распаѓање, односно претворање во други елементи. На пример, ураниум се претвора во олово. Бидејќи ни е познато колку брзо одредени атоми се трансформираат во други, со споредувањето на соодносот на ураниум и олово, на пример, може да се утврди староста на разни објекти.

„Радиометриското датирање е на некој начин слично како песочен часовник. Песокот тече од горната во долната половина – поминатото време се гледа по акумулацијата на песок во долната половина. Радиометриското датирање функционира слично, со броење на бројот на родителски атоми и бројот на атоми ќерки во кои се трансформирале. Тогаш може да се пресмета текот на времето бидејќи е позната стапката на трансформација“, објаснува Хек.

Радиометриското датирање како метод за утврдување старост постои уште од почетокот на дваесеттиот век, но досега не била доволно развиена технологијата за утврдување на точниот состав на месечините примероци. Првпат во оваа студија се користи методот на томографија со атомска сонда за ваква цел.

                                                                                                                                                             Мета

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ