понеделник, 21 октомври 2024
Лига на шампиони квалификации

Мертенс со спектакуларен волеј му донесе победа на Галатасарај (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Галатасарај беше голем фаворит во овој двомеч, но турскиот тим вечерва победи само со 1-0, а во Литванија беше нерешено 2-2.

Клучниот момент се случи во 31. минута кога на Мертенс му легна еден волеј и на мајсторски начин погоди, гол кој се покажа како решавачки.

Дури на три меча вечерва се играа продолженија, а на два од нив решаваа пеналите.

Сервет иако од третата минута играше со фудбалер помалку поради црвен картон, се избори за реми на гостувањето кај Генк, а потоа на пенали дојде до победата.

Преку пеналите славеше и Клаквик од Фарските Острово кој беше подобар од Хакен.

Продолженија, но не и пенали се играше на мечот меѓу Макаби Хаифа и Шериф. Израелците погодија со 4-1.

Молде со 2-0 го совлада Хелсинки и оди понатаму, ФК Копенхаген во меч со дури девет гола беше подобар од Бреидаблик од Исланд со 6-3.

Претходно место во следното квалификациско коло од ЛШ обезбедија Динамо Загреб кој уште еднаш ја совлада Астана, овојпат со 2-0. Како и Раков од Полска кој ја задржа предноста од првиот меч, на реваншот кај Карабаг беше 1-1.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ