вторник, 9 јули 2024

Мерино во 119. минута ги расплака Германците, Шпанија се пласираше во полуфинале! (ВИДЕО)

Шпанија ја елиминаше Германија на Европското првенство, со голот на Мерино во 119. минута, „црвената-фурија“ се пласираше во полуфинале.

Објавено на

часот

Сподели

Домаќинот на континенталниот собир, Германија доживеа болна елиминација, „панцерите“ загубија од Шпанија на продолженија, капитулираа во 119. минута.

По едно изедначено прво полувреме, резултатот беше отворен на стартот на вториот дел, Јамал убаво го проигра Олмо, кој веднаш биеше по земја за предност на Шпанија од 1-0 во 51. минута.

Избраниците на Нагелсман потоа тргнаа поодлучно во напад, и почнаа да се редат шанси пред голот на Симон.

Андрих се закани со шут од далечина, Филкруг ја погоди стативата, а Хаверц имаше неуспешен обид за лоб кога на поклон доби една топка од голманот Симон.

И кога се чинеше дека Шпанија е блиску до победа, Вирц најдобро се снајде по една мешаница, изедначи на 1-1 во 89. минута, и го однесе натпреварот во продолженија.

Во додатните 30 минути, Германија имаше две убави шанси за целосно да го сврте резултатот во своја корист, а откако не ги искористи, доживеа болна казна, Мерино во 119. минута со глава го матираше Нојер за предност на Шпанија од 2-1 и пласман во полуфинале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ