сабота, 24 февруари 2024

Мери Дика, кумата на Боки 13, стана претседателка на Апелацискиот суд

Судијката Мери Дика, која досега ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје, по денешната седница на Судскиот совет стана претседателка на овој суд.

Објавено на

часот

Сподели

Судскиот совет во февруари годинава за вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје ја определи Мери Дика-Георгиевска, судијка во Апелацискиот суд Скопје.

Мери ДикаГеоргиевска, е кума на осудениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски-Боки 13. Таа беше и еден од сведоците во овој случај.
На денешната седница на Судски
от совет, судијката Татјана Петровска е избрана за претседателка на Основниот суд во Битола, а Јасмина Шишковска Стојковиќ за претседателка на Основниот суд во Прилеп.

Во Основните судови во Велес, Делчево, Крива Паланка и Штип, досегашните претседатели ќе останат да ја вршат функцијата в.д. претседатели сѐ до изборот на нови претседатели.

Во судот во Куманово претседателката Снежана Манева, беше пак избрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ