петок, 18 октомври 2024

МЕПСО жртва на сајбер напад, електро системот е безбеден, велат од компанијата

Македонскиот електропреносен оператор (МЕПСО) се соочува со сајбер напад, но, како што соопштија денеска оттаму, целосниот интегритет на електреонеергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени. Од МЕПСО истакнуваат дека критичната електронегетска инфраструктира не е предмет на нападот, таа е безбедна е и целосно функционална.

Објавено на

часот

Сподели

„Во услови кога целиот свет се соочува со негативен глобален тренд на сајбер напади и нашата компанија не остана имуна на тоа. Иако МЕПСО ги има преземено сите мерки за заштита од сајбер напади од највисок степен сепак деновиве се соочивме со инциденти од тој вид. Имајќи предвид дека основната дејност на МЕПСО е пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем ја информираме јавноста дека крититичната електроенергетска инфраструктура е безбедна, целосно е функционална и не е предмет на овој напад. Тоа значи дека целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени“, наведува МЕПСО во соопштение.

Оттаму велат дека инцидентот е пријавен кај сите надлежни институции согласно препораките и правилата за сајбер безбедност.

„Од страна на нашите стручни служби се преземени сите мерки за ублажување на ефектите од овој кибер напад и во соработка со експерти  од областа работат на нормализирање на секојдневната работа на компанијата“, се наведува во соопштението

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ