Во насока на зајакнување на преносната мрежа и обезбедување поголема стабилност и доверливост, МЕПСО ги презентираше проектите со кои се става особен фокус на адаптација и проширување на капацитетот на преносната инфраструктура за нови производни извори на енергија и изградба на објекти за складирање на енергија, а ЕСМ ги презентираше плановите за проширување на производното портфолио.
„На средбата беа разменети информации во однос на напорите кои се прават за изградба на нови преносни водови, нови трансформаторски станици и примена на напредни технологии со кои ќе се подобри ефикасноста и стабилноста на целокупниот електроенергетски систем“, информираа попладнево од МЕПСО.
Двете компании се договориле да ја продолжат соработката и да ги динамизираат активностите за реализација на планираните проекти со единствена цел, да се одговори на идните предизвици во енергетиката и да се обезбеди одржлив и сигурен развој на енергетскиот сектор во државата.