„Ја известуваме јавноста за несовесното работење на МЕПСО, и нивниот Директор Бурим Латифи, кадар на партијата на Изет Меџити и негов прв братучед, кој наместо да го подготви електроенергетскиот сектор за престојната зима, реализира тендери за Хортикулурно уредување, или народски кажано купува цвеќиња за сума од над 1.000.000 денари. Првата активност на новиот директор, братучед на џентлменот Меџити, уште пред да се запознае со неговите вработени, е да купи цвеќе. Ова е целосно недомаќинско работење на компанија на која главна задача му е енергетскиот сектор, а не купување на цвеќиња за 15.000 евра во време кога граѓаните не можат да ги плаќат сметките за електрична енергија. Замислете, наместо да им се помогне на граѓаните во делот на енергетската сиромаштија МЕПСО со Бурим Латифи плаќат цвеќиња, калемени рози по 9.000 ден парче“, велат од ДУИ.
Оттаму ги повикаа институциите да постапат веднаш, а додаваат дека следствено ќе ги следат на дневна основа сите нелегитимни узурпатори на институциите во нивното работење и ќе ги известат надлежните институции за сите злоупотреби.