четврток, 26 декември 2024

МЕПСО годинава нема веќе да дава спонзорства и донации

АД МЕПСО ги  прекинува сите  видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година. Одлуката  беше донесена едногласно, на седница на Управниот одбор на АД МЕПСО, предводен од страна на генералниот директор Бурим Љатифи. Заеднички заклучок е дека  трошоците  и издатоците по оваа основа треба да се стопираат до следната 2025 година,  кога овој процес ќе продолжи и понатаму да функционира, но на транспарентен начин и со детално почитување на критериумите предвидени за оваа намена, соопшти МЕПСО.

Објавено на

часот

Сподели

„На ваков чекор Управниот Одбор се одлучи по анализата на долгата листа на донации и спонзорства и паричните средства кои биле доделени од почетокот на годината па се до доаѓање на новото раководство. Сеопфатниот преглед на нашите служби покажа дека во првите седум месеци од 2024 година претходното раководство, кое наводно делувало согласно Законот за донации и спонзорства во јавни дејности, ја пречекорило финансиската програма за 2024 за речиси 10 милиони денари .
За новиот менаџерски тим единствен приоритет останува вложувањето исклучиво во продуктивни инвестиции кои се во насока на градење и управување на стабилен и доверлив електропреносен систем  на најтранспарентен начин и отчетно“, се вели во соопштението на МЕПСО.
МКД.мк за злоупотребите со донациите и спонзорствата од МЕПСО објави текст под наслов „МЕПСО донации даваше за портали, фитнес клуб, за школа за танц…“, објавен на 28 август.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ