„Да, нашиот лидер го напушти Европскиот фронт и веќе нема фронт, претседателот ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, истакнале од ДПА, нагласувајќи дека нивниот лидер наскоро во јавноста ќе ги објасни причините за напуштањето на Европскиот фронт.
Денеска, пак, Ахмети уверуваше дека Мендух Тачи е усогласен со Европскиот фронт.
„Господинот Тачи е на линија со Европскиот фронт, нема дилема, но сега за да се надополнат загубите, неуспесите, владиниот дел се држи за терциерни работи“, истакна Ахмети.
Тачи е пратеник од Демократската партија на Албанците, како дел од коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ. Коалицијата останува со 17 пратеници.