сабота, 27 јули 2024

Мендух Тачи доби зелено светло од ДПА за коалицирање со ДУИ

Демократската партија на Албанците – ДПА  денеска го одржа Централното собрание на кое тема на разговор беа предизборните коалиции. Собранието му даде зелено светло на лидерот Мендух Тачи партијата да се приклучи на Европскиот фронт предводен од ДУИ. Tачи кажа дека партијата на изборите ќе има две добитни позиции.

Објавено на

часот

Сподели

„Централното собрание на ДЛА денеска едногласно го одобри предлогот на претседателот Мендух Тачи, на претседателските избори на 24 април и 8 мај, ДПА да оди заедно во коалицијата Европски фронт. Потпишувањето на коалицискиот договор ќе се одржи во понеделник во Домот на културата во Тетово“, соопшти ДПА.

Лидерот Тачи веќе разговарал со лидерот на ДУИ Али Ахмети за заеднички изборен настап во рамки на Европскиот фронт кој деновиве го промовираше Ахмети.

Тачи по состанокот изјави дека ДПА ќе има две победнички позиции на изборите, четврта и девета позиција во Изборната единица 6.

„Имав понуда за втора позиција, но има многу причини зошто не прифатив. Реков, нема проблем, како сакаш и тогаш дојде сигналот дека членството на ДПА нема да го сфатат сериозно коалицирањето. Така, ДПА ќе ја има и позицијата 9 во шестата изборна единица“, изјави Тачи.

„Коалицијата на Ахмети е реалност денес. Останатото се фрагменти од пропаднати партии кои се уште не ја покажале својата моќ во изборен процес“, рече лидерот на ДПА пред состанокот во изјава за Клан Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ