понеделник, 9 декември 2024

Меморандум за соработка од МТСП и Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Министерството за труд и социјална политика и Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе треба да се овозможи унапредување на положбата на жените жртви на семејно насилство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика  Меморандумот бил потпишан од страна на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и извршната директорка на здружението Салија Беќир Халим.

„Со потпишувањето ќе се овозможи унапредување на положбата на жените жртви на семејно и родово базирано насилство, ќе се овозможи соработка помеѓу Центарот за психо-социјална поддршка за жени жртви на семејно и родово базирано насилство на територијата на Шуто Оризари. Воедно меморандумот треба да придонесе кон олеснета размена на информации и соработка со единствена цел услугите за жртвите на насилство да бидат подостапни до жените од Шуто Оризари“, се наведува во соопштението од Миниситерство.

„Родово базираното насилство е акт кој остава трага на секоја жртва. Затоа ние како министерство ќе ја поддржиме секоја граѓанска организација која се залага да даде можност што повеќе жртви да го надминат претрпеното насилство и повторно да се интегрираат во општеството. Насилството не е приватна работа, тоа е предизвик на институциите кој го надминуваме заедно со иницијативите на граѓанските организации“, истакнала Тренчевска при разговор со извршната директорка.

На крајот од средбата директорката Халим се заблагодарила за препознавањето на нивната работа и за можноста да се потпише меморандум кој ќе биде од особена важност на здружението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ