сабота, 27 јули 2024

Мемети остана без пасош и лична карта, Кривичен суд го прифати предлогот на ОЈО

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за определување мерки за претпазливост за членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, второосомничен во истрагата поврзана со примање поткуп во кој првоосомничен е врховниот судија Наке Георгиев кој се наоѓа во 30 дневен притвор.

 

Објавено на

часот

Сподели

„По денешното произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител како и ценење на фактите и доказите во прилог на ОЈО ГОКК, Основниот кривичен суд Скопје донесе решени со кое предлогот се уважува. На осомничениот му се опредлуваат мерки за претпазливост односно обврска на осомничениот повремено да се јавува на определено службено лице во судот и одземање на патна и друга исправа за напуштање на државната граница како и забрана за издавање нова. Мерките важат до правосилноста на постпаката, а против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.

Во изјава за медиумите, осомниченииот Мемети, денеска пред Кривичен рече дека е во сечиј интерес постапката да заврши што побрзо.

„Од мој интерес, и од интерес на јавноста, е што побрзо органите да ја завршат својата работа. Ова секако како човек ме погодува, меѓутоа, не е добро да зборувам пред медиумите за работа која се води по судски пат. Ве уверувам дека многу брзо ќе заврши и ќе излезе дека ништо незаконски не сум направил“, изјави Мемети.

Во однос со релациите со врховниот судија Георгиев, тој рече дека ги познава сите судии и обвинители и со нив се дружи, но, дека не разговарал за предмети.

Мемети и Георгиев се осомничени дека за пари, на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, му ветувале дека ќе му ја олеснат положбата во која се наоѓа. Стојчев е осомничен за шверц на дрога и се наоѓа во притвор во Шутка.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ