сабота, 27 јули 2024

„Мементо“ на Димитрие Османли ќе биде прикажан за шпанската публика

По одличниот прием во Музејот на современа уметност (МОМА) во Њујорк, македонскиот игран филм „Мементо“ утре, на 11 октомври,ќе биде прикажан и во Филмотека Еспањола – шпанската кинотека во Мадрид. Истиот ден, во чест на националниот празник 11 Октомври, Кинотеката на Македонија ќе го прикажува МЕМЕНТО бесплатно, на својот официјален „Јутјуб“ канал (https://youtu.be/LXbtrhh-IY0).

Објавено на

часот

Сподели

Од Кинотека велат дека веќе можеме да кажеме дека Мементо прераснува во филмска класика, дел од светското кинематогрaфско наследство, бидејќи за помалку од година дена имаше повеќе од 5 проекции на различни локации и континенти. Само минатиот месец беше прикажан како дел од програмата на МОМА посветена на југословенскиот црн бран, а беше дел и од европскиот проект „Сезона на филмски класици“, кој пак, четврта година по ред, ја вбројува нашата Кинотека во друштвото на европските кинотеки кои имаат за цел да го промовираат и популаризираат филмското архивско богатство на Европа.

За македонската публика, дигитализираната верзија на филмот Мементо на 26 јули оваа година имаше своевидна домашна „премиера“, а истиот ден имаше и онлајн проекција – стриминг кој одеше истовремено и на официјалната интернет страница на Кинотеката, и на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб.

Како што понатаму наведува Кинотека, во очекување е и премиерното телевизиско прикажување на Мементо на Арте каналот – европскиот ТВ-канал за култура, што ќе се случи некаде во првата половина на 2024 година. Во моментов се работи на дигитална реставрација на филмот и токму гледачите на Арте ќе имаат чест премиерно да го погледнат  освежениот и реставриран Мементо. 

Мементо е втор игран филм на Димитрие Османли снимен во 1967 година, и ја раскажува приказна за Јана – која низ разговори и реминисценција со германскиот диригент Вили Милер – се присеќава на своето минато и семејната трагедија која ја доживеала во катастрофалниот земјотрес во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ