сабота, 27 јули 2024

Мелони: Рано е да се зборува за втор мандат на Урсула фон дер Лајен

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека е прерано да се одговори на прашањето за втор мандат на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сè уште собираме податоци за да го разбереме мнозинството, но сè уште има мнозинство што ја поддржува Урсула, но и партиите кои не се дел од ова мнозинство растат“, изјави Мелони за италијанското радио РТЛ за резултатите од изборите за Европскиот парламент (ЕП).

Таа додаде дека изборните резултати го покажуваат барањето на граѓаните ЕУ да посвети поголемо внимание на десницата и дека Италија ќе има клучна улога во Европа.

Мелони оцени дека изборниот успех на Марин Ле Пен во Франција е многу важен и дека укажува на случувањата во Франција и другите европски земји.

Зборувајќи за слабата излезност на изборите за ЕП, Мелони рече дека граѓаните ја гледаат ЕУ како далечна.

„Мислам дека ни е потребна Европа која е поспособна да ги слуша своите граѓани, да навлегува помалку во нивните животи, но која се справува со големите прашања што спаѓаат во нејзина надлежност“, истакна Мелони.

Нејзината партија „Браќата на Италија“ на изборите за ЕП освоила 28,85 отсто од гласовите, додека на второ место е левичарската опозициска Демократска партија со 24,04 отсто, покажуваат податоците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ