„Обидот да се прекине животот на мојот маж беше ужасно, вознемирувачко искуство“, кажа сопругата на Доналд Трамп во 30-секундната снимка објавена на нејзините профили на социјалните мрежи.
Таа наведе дека ѝ е многу тешко околу тоа.
„Не можам а да не прашам: Зошто полицајците не го уапсиле напаѓачот пред говорот? Дефинитивно има нешто повеќе во оваа приказна и мораме да ја откриеме вистината“, истакна Меланија.
Ова е едно од неколкуте обраќања на поранешната прва дама на САД за атентатот на нејзиниот сопруг на неговиот предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија на 13 јули.
Непосредно по атентатот, Меланија објави подолго соопштение во кое им се заблагодари на припадниците на полицијата бидејќи го штителе нејзиниот сопруг.