Манчестер јунајтед беше на работа на нов шокантен пораз, но благодарение на Скот Мектоминеј на луд начин дојде до трите бода против Брентфорд.
Гостите поведоа во 26. минута, Онана направи уште еден голем кикс и подари предност на противникот.
Тој резултат беше актуелен се до 93. минута кога Мектоминеј погоди за израмнување на 1-1, а истиот играч четири минути подоцна постигна уште еден гол за победа од 2-1.
Челси конечно на лесен начин стигна до победа откако со 4-1 славеше на гостувањето кај Барнли.
Натпреварот почна лошо за Челси, Одоберт донесе предност за Барнли во 15. минута. Но тоа беше се од домаќините.
Во 42. минута Ал Дакхил си постигна несреќен автогол за израмнување на 1-1. Со тој резултат се замина на одморот.
По четири минути игра во вториот дел, Палмер од пенал даде гол за комплетен пресврт и водство на Челси од 2-1.
Во 65. минута Стерлинг погоди за 3-1, а конечните 4-1 за Челси ги постави Џексон десет минути подоцна.
Евертон со убедливи 3-0 го победи Борнмут, а Фулам со 3-1 беше подобар од Шефилд јунајтед.