сабота, 19 октомври 2024

Мектоминеј по 22 години го напушти Манчестер јунајтед за „ѓаволите“ да направат убав ќар

Мектоминеј е ново засилување за Антонио Конте, Наполи вечерва потврди дека Шкотот ставил потпис на четиригодишен договор.

Објавено на

часот

Сподели

Скот Мектоминеј реши да стави крај на престојот во Манчестер јунајтед долг повеќе од 20 години и започне нова авантура, Шкотот вечерва беше потврден како нов фудбалер на Наполи.

Детали од зделката не се откриваат, но се шпекулира дека „наполитанците“ ќе платат околу 30 милиони евра, што ќе преставува чист ќар за Манчестер јунајтед со оглед на тоа дека Скот Мектоминеј е продукт на нивната школа.

Фудбалерот од средниот ред стави потпис на четиригодишен договр и се говори дека ќе заработува околу 3 милиони евра по сезона на југот на Италија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ