сабота, 27 јули 2024
Премиерлига

Мектоминеј го урна Челси, Астон Вила го надигра и го победи Манчестер Сити (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со два гола на Скот Мектоминеј го доби дербито со Челси со 2-1, Манчестер Сити може да биде среќен што само со 1-0 загуби на Вила Парк, тимот на Унаи Емери имаше невидена доминација.
 

Објавено на

часот

Сподели

Првата голема шанса за водство Манчестер јунајтед ја имаше во деветата минута кога Бруно Фернандеш биеше од белата точка, но Санчез го одбрани неговиот удар.

Сепак, десет минути подоцна Скот Мектоминеј погоди за водство на Јунајтед од 1-0.

Пред самиот крај на првиот дел, Палмер реализираше за израмнување на 1-1. Со тој резултат се замина на одморот.

Во 69. минута Мектоминеј даде уште еден гол за ново водство на Јунајтед кое овојпат го задржаа до крајот и победија со 2-1.

Манчестер Сити четврти меч по ред не знае за победа во Премиерлигата, овојпат беа тотално надиграни од Астон Вила која можеше да слави убедлива победа. Едерсон имаше дури шест одлични интервенции.

Клучниот момент се случи во 74. минута кога Бејли постигна гол за победа на Астон Вила од 1-0.

За тоа колку беше голема доминацијата на Вила на овој меч, стои фактот дека тие шутнаа дури 22 пати, а Сити само двапати и тоа во една акција.

Со оваа победа Астон Вила го престигна Манчестер Сити на табелата и се качи на третото место зад Арсенал и Ливерпул.

Ливерпул со 2-0 денеска победија на гостувањето кај Шефилд јунајтед. Ван Дајк погоди во првото полувреме, во самиот финиш реализираше Собослај за заверка на триумфот.

Во другите денешни мечеви Брајтон со 2-1 го победи Брентфорд, Фулам со убедливи 5-0 славеше над Нотингем форест, а Борнмут со 2-0 го совлада Кристал Палас на негов терен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ