среда, 11 декември 2024

Мексико ги прекина односите со Еквадор по апсењето на поранешниот потпретседател (ФОТО+ВИДЕО)

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека неговата земја ќе ги прекине дипломатските односи со Еквадор откако полицијата упадна во мексиканската амбасада во Кито.

Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Обрадор истакна дека овој чин претставува флагрантно кршење на меѓународното право и на суверенитетот на Мексико, пренесува Асошиејтед прес.

Претседателот на Мексико на социјалната мрежа Икс напиша дека мексиканската влада ќе постапи според законот и веднаш ќе објави прекин на дипломатските односи со Еквадор.

Во петокот, еквадорската полиција насилно влезе во мексиканската амбасада во Кито и го приведе поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас, кој таму бараше политички азил.

Рацијата се случи неколку часа откако мексиканската влада му даде политички азил на Глас.

Глас е можеби најбараниот човек во Еквадор и се соочува со истраги за корупција, според АП.

Претседателството на Еквадор во петокот вечерта објави дека Еквадор е суверена земја и нема да дозволи ниту еден криминалец да остане на слобода.

Тензиите меѓу двете земји ескалираа во четвртокот, откако претседателот на Мексико изјави дека го смета Еквадор за „многу несреќен“ поради неодамнешните избори на кои победи еквадорскиот претседател Даниел Нобоа.

Еквадорската влада како одговор на таа изјава го прогласи мексиканскиот амбасадор за персона нон грата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ