сабота, 27 јули 2024

Мексикански полицајци влетале во заседа, 13 се убиени

Вооружени напаѓачи вчера убија најмалку 13 локални полицајци во јужната мексиканска држава Гереро, потврди извор од државната влада за Ројтерс, што претставува најнов дрзок напад во регионот каде бандите се борат за контрола над трговијата со дрога.

Објавено на

часот

Сподели

Локален шеф за безбедност на градот Којука де Бенитез е меѓу загинатите, изјави извор под услов на анонимност. Градот се наоѓа западно од популарното одморалиште Акапулко. Владини претставници потоа објавија соопштение во кое најавија дека безбедноста во областа ќе биде засилена.

Тие нагласија дека на помош ќе пристигнат припадници на морнарицата и агенти на Националната гарда, но не соопштија колку полицајци загинале во вчерашниот напад. Областа на Којука де Бенитез е позната по присуството на организиран криминал.

Пред да налетаат на заседата, полицајците биле испратени во областа за да испитаат дојава за детонации кои наводно се слушнале.

Насилството нагло е зголемено во Гереро во текот на изминатата деценија, бидејќи сѐ поголем број криминални банди се борат за контрола над профитабилната трговија со опиумски афион, како и на други рути за шверц.

Во првите девет месеци од годинава во земјава се убиени речиси 1.100 лица, што е речиси четвртина повеќе од претходната година, покажуваат официјалните податоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ