четврток, 9 јануари 2025

Мексиканската претседателка до Трамп: Северна Америка би можела да се вика Мексиканска Америка (ВИДЕО)

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум кажа денес дека Северна Америка, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, би можела да се преименува во „Мексиканска Америка“, историското име користено во раните карти на регионот, како одговор на најавата на Доналд Трамп дека Мексиканскиот залив ќе го преименува во „Залив на Америка“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мексиканска Америка, колку тоа убаво звучи“, кажа Шајнбаум, покажувајќи карта од 1607 година која ја прикажува Северна Америка под тој назив. Претседателката, која во последните недели се расправа со Трамп, ја искористи конференцијата за медиуми за да зборува за историјата, со помош на стари мапи и поранешниот министер за култура Хозе Алфонсо Суарез дел Реал.

„Факт е дека Мексиканска Америка е препознаена од 17 век како назив за целиот северен дел на американскиот континент“, кажа Суарез дел Реал, покажувајќи ја областа на карта. Што се однесува до Мексиканскиот залив, Суарез дел реал кажа дека името е меѓународно признато и користено како поморска навигациска референца со стотици години.

Трамп зборуваше за преименување на заливот кој се протега од Флорида до мексикански Канкун вчера на конференција за новинарите за време на која претстави експанзионистичка агенда, вклучувајќи ја можноста за воено преземање на Панамскиот канал и Гренланд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ