сабота, 27 јули 2024

Мекнамара: Обама да се заложи за прием на Македонија во НАТО!

Објавено на

часот

Сподели

„За 20 години Македонија еволуираше од балканско буре барут во извозник на безбедност, обезбедувајќи придонес во мисијата на НАТО во Авганистан четврти по големина по жител (дури иако не е ни член на НАТО). Македонија дури придонесе за војната во Ирак, каде што нејзините војници се бореа рамо до рамо со американските трупи на теренот. На тој начин, Македонија ги исполни критериумите за членство во Алијансата“, пишува американската аналитичарка.

Таа понатаму вели:

„Проширувањето на НАТО во изминатите неколку години за жал е запоставена тема. Претседателот Барак Обама мора да го искористи моментот и да ја повтори заложбата за отворени врати на Алијансата за идните членки што го заработија нивното место во евроатлантското семејство“, истакнува аналитичарката на „Херитиџ“.

Во мај во Чикаго, според неа, претседателот Барак Обама ќе има можност да застане не само зад фер-однос кон Македонија, туку и зад нешто многу поважно – визијата на Европа цела, слободна и во мир:

„Во последните години ниту една земја повеќе од Грција не добила поголема помош од меѓународната заедница. Без глобалната финансиска поддршка, која вклучува десетици милиони долари од САД, преку ММФ, Атина не ќе можеше да си ги плаќа сметките. Деновите кога НАТО-државите се чувствуваа принудени да ѝ дозволат на Грција да прави опструкции во регионот се одамна завршени“, заклучува Сали Мекнамара во анализата за „Фокс њус“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ