Одличните партии на Бојан Миовски минатата сезона во дресот на Абердин ја отворија вратата за македонските фудбалери, па оваа сезона во Шкотска се преселија и Кристијан Трапановски и Давид Бабунски.
Двајцата одлично ја започнаа новата авантура, и откако Кристијан Трапановски постигна деби гол во шкотската Премиерлига во воведното коло, овој викенд редот беше на Давид Бабунски.
На денешното гостување на Данди јунајтед кај Рос Каунти, фудбалерот од средниот ред со прецизен удар по земја ја затресе мрежата на домаќините и донесе водство од 0-1.
Но Трапановски и Бабунски повторно не се израдуваа на победа, Рос Каунти во 95. минута изедначи на 1-1.
YYYYYYYAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAASSSS
0-1 UNITED 🇲🇰 Babunski 🍊🇲🇰🧡 pic.twitter.com/rZdEg526e3
— SHEDHEDS 🟧🏴☠️⬜ (@shedheds) August 10, 2024