недела, 20 октомври 2024
Манчестер јунајтед го потврди трансферот на Англичанецот

Мејсон Маунт е нов „ѓавол“, ќе заработува три пати поголема плата на Олд Трафорд

Објавено на

часот

Сподели

По три одбиени понуди, Манчестер јунајтед и Челси минатата недела конечно си подадоа рака за трансфер на Мејсон Маунт вреден 55 милиони фунти, плус додатни 5 милиони фунти во бонуси.

Официјалната потврда пристигна попладнево, Англичанецот се обврза кон „ѓаволите“ до јуни 2028 година, со опција за додатни 12 месеци.

Како што пренесуваат медиумите, Мејсон Маунт на Олд Трафорд ќе заработува ТРИ пати повеќе од она што го добиваше во Челси, односно платата од 80.000 фунти неделно ќе ја замени со примања од 250.000 неделно, кои со бонуси можат да се искачат и до 300.000 фунти неделно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ