Притисокот врз „ѓаволите“ и Тен Хаг е огромен откако Тотнем лесно со 0-3 победи на Олд Трафорд во неделата.
Вечерва против Порто во Лига Европа, Манчестер јунајтед одлично тргна и водеше со 0-2 по дваесет минути игра со головите на Рашфорд и Хојлунд. Сепак, домаќините брзо одговорија, и преку Пепе и Агехова стигнаа до 2-2 до крајот на првиот дел.
По пет минути игра во второто полувреме Агехова по втор пат ја затрее мрежата на Онана за 3-2 и целосен пресврт.
Во 81. минута од мечот, Фернандеш поцрвене, и кога се чинеше дека Манчестер јунајтед ќе изгуби, Мегваер во 91. минута ги спаси гостите и донесе 3-3.
Mad isn’t it how the most hated always turn up as the saviours for this fanbase?
Harry Maguire take a bow. A man, a monster, a professional worthy of respect. pic.twitter.com/vGJRASvYgh
— A D 🛑🔰 (@UtdDefence) October 3, 2024