Мегваер синоќа го постигна победничкиот гол за Манчестер јунајтед во победата од 1-0 над ФК Копенхаген. А претходно во триумфот над Шефилд беше прогласен за играч на натпреварот.
„Навистина сум горд и задоволен на начинот на кој реагирав во изминатите 6-12 месеци. Сега добив шанса и сакав само да бидам тука да му помогнам на тимот да се врати таму каде што треба да биде“, изјави Мегваер.
Другиот херој вчера беше Андре Онана, голманот исто како и Мегваер беше мета на критики во изминатиот период, но вчера одбрани пенал, а имаше и уште неколку одлични интервенции.
„Ја вршам мојата работа. Треба да продолжиме вака, никогаш да не сопреме“, рече Онана по мечот.