сабота, 27 јули 2024

Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да спречи геноцид во Газа

Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) во Хаг денес ја објави првата одлука за предметот кој го почна Јужноафриканската Република, а во кој се тврди дека Израел спроведува геноцид.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во расправата пред Меѓународниот суд, ЈАР бараше итно сопирање на израелската воздушна и копнена офанзива на палестинската енклава, за која кажа дека целта е уништување на населението во Газа.

ИЦЈ објави дека има надлежност над спорот меѓу Јужна Африка и Израел околу тоа дали можат акциите во Газа да претставуваат геноцид.

„Според мислењето на судот, барем некои од делата и пропустите кои ги наведува Јужна Африка, а кои ги извршил Израел во Газа, би можеле да потпаднат под одредбите на Конвенцијата за геноцид“, кажа судијката Џоан Динахју.

Судијката кажа дека судот одлучил дека Израел мора да ги „преземе сите мерки во рамки на својата моќ“ за да спречи дела во рамки на Конвенцијата за геноцид.

Додаде дека Израел мора да обезбеди „со моментален ефект“ израелските сили да не вршат геноцидни дела.

Судот нареди и дека Израел мора да обезбеди зачувување на доказите за наводниот геноцид. Израел мора и да преземе итни мерки за подобрување на хуманитарната ситуација во Газа.

Судот со 15 гласа за и два против изгласа дека Израел мора да ги преземе сите мерки да сопре сè поврзано со геноцид во Газа, со 16 гласа за и еден против дека Израел мора да ги преземе сите мерки за да ги спречи и казни оние кои се вмешани во поттикнување геноцид, и со 16 гласа за и еден против дека Израел мора да преземе итни и ефикасни мерки за пружање на итно потребната хуманитарна помош и основни услуги.

„Судот смета дека катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа е во сериозен ризик од влошување“, кажа судијката Донахју.

„Судот смета дека постои итност во смисла на реална и непосредна опасност дека ќе биде нанесена непоправлива штета на правата“, додаде таа.

Израел ќе продолжи да се брани себеси и своите граѓани и истовремено ќе го почитува меѓународното право, кажа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху реагирајќи на пресудата.

Додаде дека Израел води војна почитувајќи ги сите правила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ