сабота, 27 јули 2024

Меѓународниот суд во Хаг бара апсење на Нетанјаху и шефот на Хамас

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд кажа за Си-ен-ен дека бара налози за апсење на шефот на Хамас Јахја Синвар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по обвинувањата за воени злосторства и злосторства против човештвото во војната во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Си-ен-ен главниот обвинител на судот Карим Кан кажа дека МКС бара налози за израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, како и за уште двајца високи лидери на Хамас – Мохамед Диаб Инбрахим ал Масри, лидер на бригадите Ал Касим попознат како Мохамед Деиф, и Исмаил Ханијех, политичкиот лидер на Хамас.

Налозите против израелските политичари се прв случај МКС да осомничи лидери на близок американски сојузник. Советот на судии на МКС ќе го разгледува барањето на Кан за налози за апсење.

Кан кажа дека обвиненијата против Синвар, Ханијех и ал Масри вклучуват „истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуален напад во притвор“. „Светот беше шокиран на 7 октомври кога луѓето беа извлечени од своите спални, од своите домови, од различни кибуци во Израел“, кажа Кан, додавајќи дека „луѓето исклучително пателе“.

Обвинувањата против Нетанјаху и Галант вклучуваат „предизвикување истребување, предизвикување глад како методи на војна, вклучувајќи ускратување хуманитарна помош, намерно убивање цивили во конфликтот“, кажа Кан.

Кога минатиот месец се појавија извештаи дека главниот обвинител на МКС размислува за таков потег, Нетанјаху кажа дека секој налог за апсење на МКС против високи израелски државни и воени функционери „би бил навреда од историски размери“ и дека Израел „има независен правен систем кој ригорозно ги истражува сите кршења на законот“.

На прашањето за коментарот на Нетанјаху, Кан кажа дека „никој не е над законот“.

Кажа дека Израел, ако не се сложува со МКС, може да вложи приговор во судот. Израел и САД не се членки на Меѓународниот кривичен суд.

МКС истакнува дека има надлежност над Газа, источен Ерусалим и Западниот брег откако палестинските лидери формално се согласија да бидат обврзани од основниот принципи на судот во 2015 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ