среда, 11 декември 2024

Меѓународна полициска акција во БиХ, уапсени високи полициски функционери, бизнисмени и директори во Федерацијата БиХ

Низ Босна и Херцеговина во тек е меѓународна полициска акција „Блек тај 2“ во која досега се уапсени неколку лица, а меѓу нив и високи полициски функционери, кои се доведуваат во врска со нарко картелот Тито и Дино.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Апсења и претреси се вршат на повеќе десетици локации, на подрачјата на Сараево, Зеница и Мостар, а мета на акцијата се повеќе осомничени физички и правни лица, меѓу кои високи функционери на полициските агенции и институциите за спроведување на законите“, соопшти Обвинителството на БиХ.

Меѓународна поддршка на акцијата ѝ дале ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица, кои се поврзуваат со организиран криминал, неовластен промет на големи количества опојни дроги, перење пари и други поврзани кривични дела.

Сараевските медиуми објавија дека до сега се уапсени Мустафа Селмановиќ, шеф на специјалната полицијата на Федерација БиХ, како и сараевскиот бизнисмен Гордан Мемија.

Медиумите наведуваат дека е издаден налог и за апсење на директорот на полицијата на Федерацијата БиХ Вахидин Муњиќ.

Наркобосот Един Гачанин, познат како Тито, склучил во ноември минатата година договор со обвинителството во Холандија и осуден е на седум години затвор и парична казна од милион евра за шверц на дрога.

Гачанин е најголемиот балкански нарко-бос, кој има холандско државјанство, а од март минатата година е на американската „црна листа“.

Родум од Сараево, Гачанин во својот картел вклучил членови на своето семејство и пријатели од Босна и Херцеговина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ